16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Четиричасовно шоу на познатиот европски бербер – Саја Мајстор!

НАЈЧИТАНО

Она што е Меси или Роналдо во фудбалот, тоа е Саја Мајстор во светот на берберите. Токму Саја Мајстор на 18 јуни доаѓа во Скопје, каде ќе одржи четиричасовно шоу во хотел „Мериот“.

Интересот за да се присуствува на овој настан е огромен, бербери и фризери од речиси сите градови на Македонија бараат влезница повеќе, со цел за првпат лично да го видат, да учат и да го запознаат познатиот бербер од Белград.

Пред околу 200 гости познатиот виртуоз со ножички ќе демонстрира потстрижување, правење фризури, „цртање“ тетоважи на коса и уште неколку други „магии“ со неговиот алат за работа.

Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на ова бербер-шоу, потребно е да се јават на телефонскиот број +389 78269942 и да резервираат влезница.

За сите присутни на ова шоу ќе следи и изненадување од организаторите „Колор Медиа“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО