8.3 C
Ohrid
Wednesday, December 7, 2022

Четврт пораз во квалификациите за Светско во кошарка

НАЈЧИТАНО

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023.

За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, а Украина една победа и два порази.

На вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“, македонските кошаркари одиграа добра прва (21:18) и трета четвртина (17:15), но тоа не беше доволно да се избегне пораз од силниот противник.

Ненад Димитријевиќ со 25 поени беше најефикасен во поразениот тим, Мекфаден со 24 поени се истакна во грузискиот состав.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО