15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

НАЈЧИТАНО

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите  сограѓани  со  муслиманска   вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

 -На сите охриѓани со муслиманска вероисповед  како и на претставниците  од исламската  верска заедница  во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам.

Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите луѓе, а духот на рамазанскиот месец нека го достигне врвот  на својата суштина и значење преку добрите човечки односи, искреност, хуманост и простување меѓу луѓето.

Во тешките времиња најснажна се покажала човечноста, слогата и солидарноста. Во време на искушенија,  најголема вештина е да се сочува силата, а храброст е туѓите желби да се стават пред своите. На сите, Рамазан Бајрам нека им донесе  семејно единство и општествена солидарност. Денеска како никогаш  до сега   потребно ни е  да ги  подржуваме напредните идеи и да помагаме со дела.

Ви посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и пријатно расположение со убедување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови поводи за радост –  стои во честитката  на градоначалникот Кирил Пецаков, по повод празникот Рамазан Бајрам.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО