7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Челзи ќе игра финале против Палмеирас

НАЈЧИТАНО

Фудбалерите на Челзи успешно ја завршија полуфиналната задача на Светското клупско првенство, совладувајќи го вечерва во Абу Даби саудискиот тим Ал Хилал со минимални 1:0 (1:0).

Актуелниот европски шампион обезбеди финале и дуел за трофејот против првакот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес, Палмеирас, со голот на Ромелу Лукаку во 32 минута.

За Челзи тоа ќе биде втор пат да игра финале на Светското клупско првенство. Премиерниот настап го имаше во 2012 година кога загуби од бразилски Коринтијанс со 1:0, што, воедно, беше и последен пат победник на европската Лига на шампиони да загуби финален натпревар во ова натпреварување во организација на ФИФА.

Сите европски екипи оттогаш го освојуваа пехарот и тоа Реал Мадрид четири пати, Баерн Минхен два пати, а по еднаш Барселона и Ливерпул.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО