21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Челзи потпиша шестгодишен договор со Чуквуемека

НАЈЧИТАНО

Англискиот фудбалски прволигаш Челзи потпиша денеска шестгодишен договор со талентираниот Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Астон Вила, објавија попладнево двете страни.

Финансиските детали од договорот не се објавени, а британските медиуми наведуваат дека трансферот е вреден 20 милиони евра.

– Многу сум возбуден и едвај чекам да излезам на теренот, да ги запознаам соиграчите и да се обидам да освојувам трофеи со Челзи – изјави 18-годишениот Чуквуемека, кој е четврто засилување на Челзи ова лето.

Чуквуемека минатиот месец го освои Европското првенство до 19 години со репрезентацијата на Англија.

Новата сезона во Премиер лигата стартува овој викенд, а Челзи во премиерното коло игра против Евертон.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО