23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Чавушоглу доби предупредување во Приштина

НАЈЧИТАНО

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала ѝ одаде признание на Туркије за тоа што, како битна членка на НАТО, со нејзиното ефикасно посредување, му пружа помош на Балканот во зачувувањето на стабилноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кој престојува во официјална посета на Приштина, Грвала рече дека ја гледа Турција како „неутрален посредник меѓу Србија и другите земји во регионот“.

– Се надеваме дека Турција ќе придонесе да се оневозможи Србија во обидите да го дестабилизира Балканот. Како битна членка на НАТО, по руската агресија во Украина, Турција ја понуди својата помош како неутрален посредник, а исто така е активна и како неутрален посредник меѓу Србија и другите земји во регионот – рече Грвала.
Според неа, Европската унија, НАТО и Турција треба да вложат напори за „да се спречат Србија и српските сепаратисти во Босна и Херцеговина под сенката на руската агресија во Украина и со помош на Русија да ги дестабилизираат Зпаден Балкан и Југоисточна Европа“.

Шефот на турската дипломатија порача дека Туркије нема да дозволи „враќање во темните денови од 90-тите години“.

– За време на посетата на пет балкански држави, која ја започнав во Белград, секаде ја пренесов истата порака. Дијалогот меѓу Косово и Србија го поддржуваме и сметаме дека треба да се постигне договор по дипломатски пат. Развојот во Босна и негативниот одраз на војната во Украина во регионот се работи од кои треба да изведеме поуки. Ние како Туркије не сакаме враќање во темните денови од 90-тите години и нема да го дозволиме тоа. Ќе продолжиме со нашите заложби и дипломатијата секогаш ќе ја ставаме на прво место – рече Чавушоглу.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО