17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Црна Гора: Пожарите во Херцег Нови под контрола

НАЈЧИТАНО

Пожарите во Херцег Нови се под контрола, куќите не се загрозени, но се уште постои опасност од избувнување на пожарот поради силниот ветер, изјави началникот на Службата за заштита и спасување Херцег Нови, Златко Чировиќ.

„Четири до пет километри во реонот на општина Херцег Нови во моментов се во пламен. Се работи за пожар кој пред три дена го запали гром. Веќе трет ден се бориме со пожарот, теренот е многу непристапен. Изгорена е голема површина. Пожарот е ставен под контрола, куќите не се загрозени, но бидејќи силниот ветер постојано го разгорува огнот, не знаеме на што може да се надеваме“, рече Ќировиќ.

Според него, во Херцег Нови очекуваат помош од Дирекцијата за заштита и спасување авиони, а информирани се дека од Хрватска ќе дојдат и Канаѓани, кои се уште не се таму.

Ќировиќ рече дека се сомневаат дека има повеќе лица кои ги подметнале пожарите, а младиот човек кој вчера беше уапсен не е единствениот.

Состојбата со пожарите во Херцег Нови е релативно подобра во однос на претходната ноќ, но сепак не е добра, изјави Ќировиќ, а пренесува Радиотелевизија на Црна Гора.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО