7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Циципас: Не е лесно да се доближиш до Новак, Рафа, Роџер…

НАЈЧИТАНО

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас истакнува дека е многу тешко да се пробие во ерата во која играат тројцата најдобри играчи на сите времиња Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Циципас во кариерата досега освои девет титули, а лани играше и во финалето на Ролан Гарос.

*Кирјос: Циципас и јас? Порано игравме заедно во двојки, но сега …

„Мислам дека се приближуваме до нив, но Новак, Рафа и Роџер ја создадоа најдобрата генерација во историјата на тенисот. Не е лесно да ги надминете и да се истакнете. И покрај се, мислам дека ни помогнаа да го подигнеме нивото на нашата игра и да постигнеме некои квалитети“, вели 23-годишниот Циципас и додава:

„Без нив се би било поинаку. Имаат долги години, а Новак и понатаму е еден од најдобрите, Надал се враќа и повторно освојува титули. Секако, верувам дека можат да продолжат да победуваат“.

Гркот моментално е четврти во светот, едно место под неговиот најдобар пласман.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО