7.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Цената на нафтата повторно расте

НАЈЧИТАНО

Цената на нафтата повторно пораснаа откако се процени дека зголемувањето на производството на ОПЕК нема да биде доволно да ги покрие потребите во светот, а Саудиска Арабија ја зголеми продажната цена.

Нафтата „брент“ поскапе за 0,8 отсто, на 120,63 долари за барел. Фјучерсите на американската WTI нафта поскапеа исто така за 0,8 отсто, на 119,80 долари за барел.
„Саудиска Арабија ја зголеми официјалната продажна цена за својата водечка арапска лесна сурова нафта за Азија на премија од 6,50 долари наспроти просекот на одредниците во Оман и Дубаи, од премијата од 4,40 долари во јуни“, објави државниот производител на нафта Aramco.

Официјалната цена за јули е највисока од мај, кога цените достигнаа највисоко ниво на сите времиња поради грижите за прекин во снабдувањето од Русија поради санкциите поради нејзината инвазија на Украина.

фото: pixabay.com

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО