4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Цементарница УСЈЕ ја демантира Данела Арсовска која се закани со кривична пријава

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

На вонредната контрола што ја спроведе Државниот инспекторат за животна средина на 3 и на 4 јануари годинава, а во присуство на инспектори од Град Скопје, потврдено беше дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности, тврди раководството на компанијата, посочувајќи дека денешните ставови на скопската градоначалничка Данела Арсовска се невистинити и неосновани.

„Производниот процес во Цементарница УСЈЕ се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди. На прес-конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26. и 27 декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ. Мерењата направени на 3. и 4 јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница УСЈЕ, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на ПМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница УСЈЕ е дури и помала од други мерни места во градот. Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на Инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас“, се вели во реакцијата.

Во УСЈЕ, наведено е во соопштението, редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории.
„Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година. Цементарница УСЈЕ во континуитет ќе продолжи да ги унапредува сите процеси согласно принципите за транспарентно и одоворно работење“, соопшти компанијата.

Инаку, скопската градоначалничка Данела Арсовска на денашната вонредна прес-конференција најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против Цементарница УСЈЕ, поради тоа што, како што кажа, инспекторите утврдиле дека фабриката го загадува воздухот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img