15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Царинската испостава Гевгелија, сопре шверц на 7 тони сецкан цвет од канабис.

НАЈЧИТАНО

Против едно правно лице и четири физички лица поднесени се кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако на 11 овој месец на Царинската испостава Гевгелија, се обиделе да увезат 7 тони сецкан цвет од канабис.

Инспекторите од Одделението за истраги од Царинската управа утврдиле дека дробената, сецкана и тревкаста материја, која фирмата се обидела да ја увезе, содржи психоактивна компонента која влегува во составот на растението Канабис.

Подоцнежните анализите на МВР покажале дека растителниот материјал преставува исушени и иситнети врвни делови-вршунки од листови и цвет кои потекнуваат од растението канабис.

„Со откривањето и спречување на обидот за криумчарење на оваа стока од страна на Царинската управа, спречено е неовластено производство и пуштање во промет на психотропна супстанца, односно 7.000 килограми цвет од канабис, која што на нелегалниот пазар на наркотични средства би достигнала вредност од над 20 милиони евра.“ – информира МВР.

Во соопштението на Царинската управа нема информација како била декларирана робата при обидот да биде увезена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО