9.6 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Хронологија на мистериозното ПРЕТЕПУВАЊЕ НА КАПЕТАН ГОРАН УСТИЈАНОСКИ

НАЈЧИТАНО

Што сака да сокрие Капетан на Капетанија на пристаништа на РСМ Горан Устијаноски во врска со физичкиот напад врз него на ден 28-08-2022 година? Зошто Устијаноски упорно се крие од полициксите службеници кој сакаат да обават информативен разговор со него?

Зошто Горан Устијаноски и после 7 дена од физичкиот напад врз него ,сеуште не поднесува пријава до СВР Охрид ?

Хронологија на мистериозен кривично правен насатан:

Најнапред мора да изнесеме факт од кој Капетан Горан Устијаноски не може да побегне,а тоа е фактот дека Устијаноски добро знае кој го нападнал,како и фактот дека до ден денешен тој факт упорно го сокрива од Полиција,зошто?!

На ден 28-08-2022 година Горан Устијаноски околу 14 часот влегува на летната тераса на Хотел „Интернационал“ во Охрид лоциран на улица Булевар Туристичка.Се поздравува со двајца свои сограѓани ,кој го покануваат со нив да испие кафе.

Устијаноски со среќна фаца ја одбива поканата ,со образложение дека чека двајца свои пријатели со кој ќе пиле Вотка.Во истиот момент добива телефонски повик од број 07259..4 и се упатува пред хотелот на средба со нив пред долниот влез на хотелскиот комплекс.

Не поминуваат ниту две минути Се слуша силен врисок од Устијаноски,и негови помици за помош,кон лицето К.П. кое предходно го поканило на кафе…

Од како присутните гости во ресторанот на хотелот се стрчале да помогнат на повикот за помош на Устијаноски,го виделе целиот облеан во крв на лицето и била повикана Итна медицинска помош.Околу 14:20 лекар на ИМП Охрид со амбулантно возило го пренесува Устиноски во хирушкото одделение во Охридска Болница,од каде е упатен на Карил во Скопје,а потоа истиот е препратен на клиника за Максиофасцијална хирургија во Скопје,како и на преглед на Невро хирургија во Скопје.Наредниот ден 29-08-2022 година Устијаноски се враќа во Охридската Болница во оделот за ОРЛ,каде е и хоспитализиран..

Од видео мониторингот на одреден објект во Охрид ,а кој редакцијата Охридскај имаше можност да го види, јасно се гледа како Горан Устијаноски слегува пред Хотелот ,срдачно се позравува со две лица,отпочнува краток разговор и после една минута едното лице со бокс го мава во предел на нос,а потоа му задава уште еден удар во предел на лице по што Устинаоски пајѓа на земја и по неговиот пад добива неколку удари со ноѕе од двете лица, кој лица потоа заминуваат по улица Булевар Туристичка кон месноста викана Стара Охридија….

ИМП Охрид по службена долност пријавува настан во СВР Охрид,Устијаноски молчи..!!!

Од како Охридскај обзнани за претепувањето на Капетан Горан Устијаноски,наредниот ден Устијаноски наместо да даде пријава-исказ пред надлежен орган – Полиција, тој започна со пишување на Фејсбук статуси,правдајќи се дека тој пријавил во СВР Охрид,а дека со објавата Охридскај ја попречувала истрагата…???!!!

Охридскај побара одоговор од СВР Охрид ,дали Горан Устијноски Капетан на Капетанија на пристаништа на РСМ ,има поднесено пријава за физички напад врз него во СВР Охрид?

Полицијата децидна:-„Работиме на разрешување на случајот со напад врз лицето Г.У.,до ден денешен од него немаме добиено пријава за настанот,настанот е пријавен од дежурен лекар од ИМП Охрид.На неколку наврати има обиди да се добие изјава од лицето Г.У. но до сега истиот не сака да даде изјава,а ниту посочува кој го нападнал.СВР Охрид работи на разрешување на случајот“.

Устијаноски Капетан и за семејни насилства?!

Како што обзнани Охридскај Капетанот Горан Устијаноски со пресуда на Основен суд Охрид  К-57/22-1 ,  лицето Горан Устијаноски , прогласен е за виновен  за сторено кривично дело“загрозување на сигурноста“ по «чл.144 ст.2 вв ст.1» од КЗ .

Но ова не бил прв настан каде Устијаноски бил пријавуван за Семејно насилство,но е прв во кој обвинитилството од Охрид поднело обвинителен акт,кој резултирал со судска завршница , во која завршница Устијаноски е прогласен за виновен.

Како што дознава редакцијата Охридскај во изминатите 5 години , против лицето Горан Устијаноски во ПС од ОН Охрид биле поднесени над 40 пријави за Семејно насилство врз Жени,кој била претепувана и физички и психолошки малтретирана од страна на УСтијаноски,а кој завршиле сокриени во фиоките на ПС од ОН Охрид?

Зошто се сокривале пријавите за семејно насилство против Устијаноски,одговор треба да дадат од ОС од ОН Охрид како и Јавно Обвинитеслтво Охрид.

Од друга страна Капетанијата на пристаништа на РСМ со седиште во Охрид, која е под директно раководство на Устијаноски,повеќе од три години воопшто не се грижи за безбедноста на водениот сообраќај не само на Охридското Езеро, туку и на сите останати природни и вештачки акомулции во РСМ.небелеѓано езеро,перманнетни кавги со охридските бродари, сопственици на пловни објекти,матни игри со полагање на испити з апловидбени дозволи,регистрации на чамци,претворање на езерската пловидба во Охрид во приватна своина од страна на капетанот Устијаноски ,се само дел од настани кој ја преливаат чашата на нормално фунционирање на државна институција која треба да се грижи за безбедноста во водениот сообраќај во Македонија….

Сашо Денесовски

ПРОДОЛЖУВА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО