2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Хрватска ја совлада Канада, блеснаа Крамариќ и Ливаја!

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Хрватската фудбалска репрезентација ја постигна првата победа на Светското првенство во Катар со 4:1 против Канада и седна на врвот во групата Ф…

Иако Канаѓаните поведоа во втората минута од мечот со голот на Алфонс Дејвис, Хрватска направи пресврт пред полувремето со головите на Андреј Крамариќ и Марко Ливаја, за потврда на победата со уште еден гол на Крамариќ на 20 минути пред крајот. . Ловро Мајер ги постигна конечните 4:1 во судиското надополнување.

Натпреварот започна шокантно за Хрватска, Канада поведе уште во втората минута. Бјукенан одлично додава, а истрчаниот Алфонсо Дејвис со глава ја упати топката во мрежата на Хрватска пред Јурановиќ за 1-0. Во 26. минута Хрватска израмни со голот на Крамариќ, но претходно во задниот дел беше Ливаја, па голот беше поништен.

Сепак, споменатото дуо и донесе пресврт на Хрватска до крајот на првиот дел. Најпрвин Крамариќ по убавата асистенција на Перишиќ погоди во 36. минута за 1-1, додека во 44. Ливај одлично шутираше од врвот на шеснаесетникот за пресврт и 2-1 Хрватска.

Отворено на двете страни, со постојани напади низ целиот терен, играта продолжи и во вториот дел. Прво се закани Осорио, додека Крамариќ имаше голема шанса во 54. минута, но Борјан спречи 3-1 на Хрватска.

Потоа малку се смири играта до 70. минута кога повторно проработи врската Перишиќ-Крамариќ. Првиот асистираше уште еднаш, а вториот се ослободи од голманот и упати прецизен удар за 3-1. До крајот на натпреварот Хрватска беше поблиску до четвртиот гол (Шанси на Перишиќ и Брозовиќ) отколку Канада на вториот. Се беше заклучено со уште еден хрватски гол во 94. минута. Мајер со гол го заврши контра нападот на голманот Борјан за конечни 4-1.

По второто коло во поредокот водат Хрватска и Мароко со по четири бода. Белгија има три, а Канада нема бодови и е единствената во оваа група која нема шанси да се пласира во осминафиналето.

Во последното, трето коло од оваа група Ф, во четврток од 16 часот играат Хрватска – Белгија и Канада – Мароко.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...
spot_img
spot_img
spot_img