2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Хрватска ја замрзнува цената на горивата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Додека цените на горивата во Македонија вртоглаво поскапуваат, хрватската влада се реши да ги ослободи граѓаните од овој ценовен шок па донесе одлука за замрзнување на нафтените деривати, но и на нафтата за домаќинствата. Со овој чекор треба да се заштитат граѓаните на Хрватска од поскапувањата кои се неминовни.

– Имајќи го предвид очекуваниот раст на цените на нафтените деривати одлучивме повторно да донесеме одлука за лимитирање на цените на евросуперот 95 на постоечките 11,37 куни (1,51 евра), значи тоа е цената која е околу две, три недели и таа ќе остане во следните месец дена, и дизелот на 11,29 куни (1,50 евра) – објасни Пленковиќ.

Како што истакна хрватскиот премиер, ова се прави со цел да се заштити стандардот на граѓаните кои се погодени од поскапувањата и намалувањето на економијата поради ковид кризата. Цената на горивата ќе остане иста во наредниот месец по што ќе се види дали ќе треба да се преземат дополнителни чекори.

Од оваа мерка ќе бидат иземени премиум горивата чија цена ќе остане да ја диктира пазарот затоа што тие се сметаат како луксуз кој не е есенцијален за функционирањето.

– Според тоа утре ќе биде иста цената на бензинот – обичниот евросупер 95 и обичниот дизел, додека цената за премиум горивата нема да биде лимитирана. Кој има пари и сака да си го дозволи најквалитетното гориво, тоа може да го направи – заклучи Пленковиќ.

Одлуката за замрзнување на цените ќе биде донесена денеска и веднаш ќе стапи на сила.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Андреа Петковиќ: Како Горан да е најголемиот ривал на Новак

Поранешната германска тенисерка Андреа Петковиќ го коментираше учеството на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн во врска со односот меѓу него и Горан Иванишевиќ, кој неколку...

Почина американската актерка Лиза Лоринг

Почина американската актерка Лиза Лоринг, која го играше детскиот лик среда Адамс во оригиналната телевизиска серија Адамс во 1960-тите. Таа имаше 64 години. Според...

Дали ќе се исценираат инциденти, прашува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и владата да одговорат дали зачестените бегства од затворите се смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата на...
spot_img
spot_img
spot_img