4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Хрватска и Молдавија се спремаат, Балканот е на стаклени нозе

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.

Главашевиќ за хрватскиот портал Индекс изјави дека пред неколку дена имало проценка на меѓународните организации, која, како што вели, сега е застарена, а која предвидува нешто повеќе од милион бегалци, доколку дојде до конфликт.

– Некои други проценки што ги слушнав денеска зборуваат за многу поголема бројка, меѓу три и пет милиони. Искрено се надевам дека нема да имаме можност да дознаеме – изјави Главашевиќ пред руската специјална воена акција против Украина.

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и е подготвена е да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдависката претседателка Маја Санду.

– Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка – рече таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдовија, наведуваат молдависките интернет медиуми.

„Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот“, соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, во пост на Фејсбук.

Рускиот напад на Украина не го доведува во прашање само опстанокот на земјата, туку ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаил Рот.

Во објавата на Твитер, Рот предупреди дека нападот може да има сериозни последици, не само на Источна Европа, туку и на Балканот, каде држави се соочени со нестабилности и со различни закани.

– Путин, не само што војува против Украина, туку и го доведува во прашање правото на постоење на источноевропските држави. Тоа, исто така, ја торпедира и европската перспектива на Западен Балкан – предупреди Рот, истакнувајќи дека Европската унија сега е на тест на докажување на својата веродостојност и одржување на одамна дадените ветувања.

Тој појасни дека затоа треба да бидат решени сомнежите за пристапувањето на Албанија и на Северна Македонија во Унијата, па ја повика Бугарија да запре со блокирање на процесот.

За Косово, Рот предложи што побрза визна либерализација, а во однос на Босна и Херцеговина, предупреди на сепаратистичките тенденции што му се закануваат на опстанокот на земјата, со што алудираше на политиката на српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик.

Тој, со отворена руска поддршка, веќе со месеци најавува и презема конкретни чекори, што водат кон издвојување на Република Српска од уставно-правниот поредок на БиХ. Русија исто така му дава поддршка на Додик во оспорување на мандатот на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

– Треба да се запрат сепаратистите во Босна и Херцеговина – изјави Рот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“

Актерката Лиза Лоринг, која се прослави со улогата на Среда во култната серија „Семејството Адамс“, почина во саботата на 28 јануари како последица од...

Загинаа 4 млади бразилски фудбалери

Автобус полн со млади фудбалери на фудбалскиот клуб Вила Мариа Хелена од Бразил се превртел во провалија од десетина метри. Според информациите на бразилските медиуми,...

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, утре ќе ги претстави сите тајни од својот живот во серијата „Памела, љубовна приказна“ (Pamela, A...
spot_img
spot_img
spot_img