18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Хорор во Белград: Прво го фрлила синот низ прозорец, па скокнала и таа

НАЈЧИТАНО

Соседите на Маја К.(40) која утрово со петгодишно дете скокна од третиот кат од зграда во белградската населба Миријево, велат дека единствен очевидец на случајот е млад човек од нивната зграда, кој видел момент на ужас. Како што раскажува очевидецот, Маја прво го турнала момчето од прозорецот на третиот кат, а потоа и таа скокнала.

Кога младиот човек ја видел несреќата што се случила на улицата Грга Јанкеша во Миријево, почнал да вика.

– Требаше порано да те пријавам – извикал младиот човек, бидејќи, како што тврдат најблиските соседи на Маја, викањето од нејзиниот стан било секојдневие.

– Од станот постојано се слушаше викање, го малтретираше девојчето, не го допираше толку синот, но девојчето повеќе беше поврзано за таткото, сигурно ја малтретирала поради тоа – велат вознемирените станари.

Сосетката кој е претседател на куќниот совет посочува дека пред неколку дена клучот од покривот на зградата го побарала Маја К.

– Кога ја прашале за што ѝ е потребен клучот, таа на сосетката ѝ рекла: „Детето нека види малку од светот“, вели таа.

На самото место е и поранешниот сопруг на Маја, кој е многу вознемирен и не можеше многу да каже.

– Официјално беше здрава, тоа што можам да го заклучам, односно зошто го направи тоа, сега не е валидно да се каже – рече тој кусо низ солзи.

За среќа момчето и мајката паднале на тревата, а детето поминало без поголеми повреди, а мајката М.К ја скршила ногата. Двајцата се хоспитализирани во Ургентниот центар.

Да потсетиме, стравотен случај се случи утринава на улицата Грга Јанкеша бр. 12 во Миријево во Белград. Мотивите за овој случај не се познати.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО