9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Холивудскиот актер Стивен Сигал во неделата го прослави својот 70-ти роденден, организирајќи ја прославата во ресторан во Москва, Русија

НАЈЧИТАНО

Холивудскиот актер Стивен Сигал во неделата го прослави својот 70-ти роденден, организирајќи ја прославата во ресторан во Москва, Русија, искористувајќи ја приликата да ја повтори важноста на рускиот претседател Владимир Путин и да го поддржи него и неговите сојузници.

Според она што го објави британски „Тајмс“, на прославата присуствувале и ТВ-водителот од националната телевизија Владимир Солевиев и руската новинарка Маргарита Симонјан. И двајцата се ставени на списокот со санкции од Европската унија по руската агресија врз Украина.

Според видеото кое кружи на Твитер, Сигал, кој претходно го прогласи Путин за „еден од најголемите светски лидери, ако не и најголем жив лидер“, може да се види како сите собрани ги нарекува „семејство и пријатели“. Им се обрати на англиски, преведувачот стоел настрана и рекол: „Ве сакам сите, ајде да се држиме заедно, во добро и во лошо“.

Во март, Сигал изјави за Fox News Digital дека ги гледа Русија и Украина како едно семејство. „Повеќето од нас имаат пријатели и во Русија и во Украина. Ги гледам двете страни како едно семејство и навистина верувам дека надворешниот ентитет троши огромни пари на пропаганда за да предизвика непријателства меѓу двете земји“.

За време на роденденската забава во Москва, Сигал го пофалил Путин и рекол: „Се молам двете земји да постигнат позитивна и мирна резолуција за да живеат заедно во мир“, рекол актерот, кој беше избран од Русија во 2018 година за специјален пратеник за подобрување на односите меѓу Русија и Америка. Рускиот министер за надворешни работи тогаш изјави дека задачата на Сигал ќе биде „да ги подобри односите меѓу Русија и САД на хуманитарното поле, вклучително и соработката во културата, уметноста, јавната размена и размената на младите“.

Откако Сигал доби руско државјанство во 2017 година, Украина му забрани влез во земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО