2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Холанѓаните лесно го совладаа тимот на Кире Лазаров

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Светското првенство во Полска и Шведска. Вечерва во Краков, избраниците на селекторот Кирил Лазаров загуби од Холандија со убедливи 34:24.

„Црвено-жолтите” ги повторија грешките од првото коло направени на мечот со Норвешка и му дозволија на противникот во неколку наврати лесни голови и серии од по четири и пет погодоци.

По нашето почетно водство со 3:2, Холанѓаните ја презедоа контролата на резултатот и постојано ја зголемуваа предноста за на полувреме да заминат со 18:11. На петнаесетина минути пред крајот Македонија се доближи на минус четири, но следуваше исклучување на Филип Талески и повторно серија голови за „лалињата” кои до крајот без проблеми стигнаа до убедлив триумф.

Најефикасен во холандската селекција и на натпреварот беше Смитс со 10 голови, во поразениот тим по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

Македонците шанса за пласман во Главната групна фаза ќе бараат во вторник на дуелот со Аргентина.

Второто коло до Ф-групата ќе се комплетира вечерва со натпреварот Норвешка – Аргентина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img