9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Хенри Кисинџер уште еднаш по започнувањето на војната во Украина, упати критики кон официјалната политика на САД

НАЈЧИТАНО

Хенри Кисинџер уште еднаш по започнувањето на војната во Украина, упати критики кон официјалната политика на САД.

Поранешниот државен секретар на САД, посочи дека Вашингтон ја отфрли традиционалната дипломатија и во одсуство на голем лидер, земјата е на работ на војна со Русија и со Кина поради Украина, односно Тајван.

„Се наоѓаме на работ на војна со Русија и со Кина поради проблеми кои делумно самите ги створивме, немаме никаков концепт како оваа криза ќе се заврши и каде ќе не одведе – изјави Кисинџер за „Волстрит џурнал“.

Тој вели и дека модерните американски лидери ја гледаат дипломатијата кака на лични односи со непријателот, обидувајќи се да ги преобразат или да осудат своите соговорници и не се обидуваат да го разберат нивното мислење.

Според него, САД би требало да бараат рамнотежа во односите со Русија и со Кина. Кисинџер смета дека јанкењето на тензии е погрешно.

99-годишниот дипломат вели дека американсите политичари мораат сериозно да го слушаат рускиот претседател Владимир Путин кога им се обраќа и да се обидат да го разберат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО