2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Хеликоптер, дрон, кучиња и 102 полицајци уште трагаат по малиот Петар

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон.

Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“- Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува сѐ до пронаоѓање на детето.

Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Ќучуков: Македонизмот победи, можеби дефинитивно, а заслуга за тоа имаат и бугарските политичари кои ја сметаат Македонија како територија, а не како народ

Македонизмот победи, можеби дефинитивно, а заслуга за тоа имаат и бугарските политичари кои ја сметаат Македонија како територија, а не како народ. А македонизмот...

„Војдан Чеднодрински“ распиша конкурс за изборот на текстови

Врз основа на Конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст објавен од Министерството за култура, Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински”...

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, при што во декември таа изнесува 4,44%.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така бележи раст...
spot_img
spot_img
spot_img