15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Фудбалерот Пике фатен како ја слуша песната на својата поранешна девојка Шакира во својот автомобил

НАЈЧИТАНО

Фудбалерот Жерард Пике е „уловен“ како во автомобил ја слуша песната на својата поранешна девојка Шакира, а многумина коментираат дека не ја преболел и дека сѐ уште тагува по неа.

Имено, фудбалерот се враќал од тренинг, а навивачите го снимале неговиот автомобил додека поминувал покрај нив, па јасно можело да се слушне што слуша.

На видеото се слуша како Пке ја слуша песната на Шакира „Inevitable“ во автомобилот. Додека фановите снимаа и сликаа, тој упорно избегнуваше да гледа во камерата и имаше многу сериозен израз на лицето.

Да потсетиме, Пике и Шакира неодамна ги потврдија шпекулациите за раскинувањето, заедно беа 12 години, а Шакира ја потврди разделбата преку соопштение за медиумите и побара дополнително да се почитува нивната приватност.

Тие се заедно од 2011 година, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна на Светското првенство „Waka waka“. Иако никогаш не се венчаа, Шакира и Пике за време на нивната љубовна врска добија два сина Милан (9) и Саша (7).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО