2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Фрачат навреди на седницата за пратенички прашања

НАЈЧИТАНО

Дезертер, кодош, марионета, крадец, срам за АРМ, срам за државата беа најчесто употребените зборови кои си ги разменија премиерот Димитар Ковачевски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Ковачки го обвини Ковачевски дека е неспособен да ја води државата, затоа што, меѓу другото избегнал да служи воен рок во екот на војната во 2001 година.

– Пред мене седи човек во првите редови кој во 2001 година одбра да биде нечесен, одбра да дезертира и да не и помогне на државата тогаш кога таа го побара. Вие премиере сте дезертер и вие сте отпадник од македонското ткиво – рече Драган Ковачки.

Ковачевски му врати нарекувајќи го Ковачки кодош, кој додека служел во АРМ продавал информации на странски служби. Тој објасни зошто не служел воена обврска.

– Врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а поради мој здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочувам, се регистрираше моја неможност за служење на воена обврска. Оваа група овде во опозицијата и претходниот говорник како нивен предводник, а по налог на нивниот налогодавач во последно време имаат проблем бидејќи се лопови, криминалци, неработници, насилници – рече премиерот Ковачевски.

Ковачки се интересираше и дали премиерот Ковачевски ќе го поништи огласот за професионални војници откако во јавноста излезе повик на општинската организација на СДСМ од Арачиново, заинтересираните да се јават во локалниот штаб. Наместо Ковачевски на ова прашање одговори министерката за одбрана Славјанка Петровска, која ги отфрли таквите обвинувања.

Според праксата, секој последен четврток во месецот е резервиран за собраниска седница посветена на пратенички прашања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО