17.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Францускиот претседател Емануел Макрон би сакал да назначи жена за премиер

НАЈЧИТАНО

Францускиот претседател Емануел Макрон би сакал да назначи жена за премиер, изјави државниот секретар за европски прашања Клеман Бон.

Актуелниот премиер на Франција, Жан Кастек ја презеде функцијата во 2020 година, по оставката на неговиот претходник Едуар Филип и неговиот кабинет, пред реконструкцијата на владата.

– Емануел Макрон сигурно би сакал да именува жена во Матињон (резиденцијата на францускиот премиер). Но, не треба да ја сведеме целата политичка ситуација на кандидатура за премиер – изјави Бон за француската телевизија БФМТВ.

Меѓу кандидатите кои се разгледуваат за функцијата, како што е наведено во телевизискиот извештај, е и министерката за труд Елизабет Борн.

Вториот круг од претседателските избори во Франција се одржа минатата недела. Министерството за внатрешни работи го потврди Макрон за победник со 58,54 отсто гласови, наспроти 41,46 отсто од неговата десничарска ривалка Марин Ле Пен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО