23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Франција се најде во неизвесна политичка ситуација, откако претседателот Емануел Макрон ја изгуби контролата во Националното собрание

НАЈЧИТАНО

Франција се најде во неизвесна политичка ситуација, откако претседателот Емануел Макрон ја изгуби контролата во Националното собрание, откако неочекувано добри резултати остварија партиите од левиот и десниот блок, на вчера завршените парламентарни избори во земјата.

– Модерна Франција никогаш немала вакво Национално собрание. Оваа ситуација претставува ризик за нашата земја. Од денеска ќе работиме на тоа да изградиме работно мнозинство – изјави француската премиерка Елизабет Борн

Министерот за економија Бруно Ле Мер кажа дека со земјата ќе може да се управува, но за тоа ќе треба многу имагинација.

– Исходот на изборите е демократски шок. Ако другите блокови одбијат да соработуваат, тоа ќе ги блокира нашите можности да ја реформираме и заштитиме Франција – изјави тој.

Лидерот на левицата Жан-Лик Меланшон уживаше во успехот откако во својата алијанса успеа да обедини партии од комунистите до зелените.

– Партијата на претседателот претрпе тотален пораз и сега сè е во наши раце. Резултатот на изборите означува морален неуспех на политиките на Макрон – кажа Меланшон.

Изборите донесоа голем подем и на Националниот фронт на крајната десничарка Марин Ле Пен, кој треба да има меѓу 90 и 95 пратеници, наспроти досегашните осум. Според проекциите, Заедно на Макрон ќе држи меѓу 230 и 250 места во собранието, а алијансата на Меланшон меѓу 141 и 175.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО