14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

(Фото) Два метри фекална канализација предизвика Еколошка бомба во Охрид, Охридска Нискоградба врши корекција на дождовната канализација

НАЈЧИТАНО

Од како Охридскај објави Видео – Еколошка катастрофа се заканува на Охридско Езеро,трската ја сокрива фекалната слика , рано утрово во 5 часот ЈП Нискоградба Охрид ,започна санација на дождовната канализација на место викано „стара Охридија“ на Булевар „Асном“ во Охрид.Како што дознава редакцијата Охридскај ,во 2003 година кога се правела дождовната канализација како проект на Светска банка, на овој потег била оставена фекална канализација во должина од два метри со преливна шахта,која канализација во услови на поголеми атмосферски талози на дожд ја прелевала фекалната канализација во дождовната канализација ,на начин што будалијата отишла до таа мера , дождовната канализација да се користи како преливна шахта на фекалната канализација и на тој начин сите фекалии од населбата „Билјанини Извори“ при поголеми врнежи на дожд се слевале во дождовната канализација ,која завршувала во Охридското Езерона потег канал „Студенчишта“.

По објавата на Охридскај , претедателот на совет на Општина Охрид Сашо Донев во текот на вчерашниот ден силно се заложи да се детектира проблемот со дождовната канализација, за која во Охрид не постои подземен кататстар на истата и ако истата е изградена до 2003 година со пари од ЕХФ банка од Германија ,а како изведувач на работите се  појави германската фирма ЕРОВА БАУ и АД Маврово, за што се потрошија над 20 милиони евра ,кој покасно падна ана терет на ЈП Проаква.

Во 2021 година кога се вршеше реконструкција на Булевар Асном во Охрид , тогаш поранешниот градоначалник на Охрид Константин Георгиески од редовите на СДСМ го знаеле проблемот на преливање на феклана во дождовна канализација, но не им бил од финасиски интерес да извршат промена и одвојување на дождовната од фекалната канализација на Булевар АСНОМ и ако се работело само за два метри одводна цевка Ф-300, туку и понатаму свесно оставиле фекалиите да се влеваат во дождовната канализација и да завршуваат во водите на Охридското Езеро.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО