2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

За учебната 2022/2023 година Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Еднократната парична награда во висина од 1.200 евра во денарска противвредност, која ја доделува Фондацијата дванаесетта година по ред за првенците на генерациja на двата факултета, годинава им припадна на Филип Горачинов од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,19) и на Стефан Неделкоски од Медицинскиот факултет (со просек 10,00), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Во с
огласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2022/2023 година е усвоен од Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии, во чиј состав членуваа претставници од Фондацијата, од двата факултета, како и претставници од редовите на студентите.

– Во мај 2007 година ја формиравме Фондацијата „Трајче Мукаетов“ со една единствена цел: да биде додадена вредност на македонското здравство и фармација. За 15 години постоење, стипендирани се 619 студенти по фармација и медицина на државниот универзитет во Скопје, доделени се 24 еднократни парични награди на првенци на генерациите на двата предметни факултета, за кои активности инвестирани се близу 120 милиони денари. До денес, 97 стипендирани студенти ги отпочнале своите кариери во фармацевтските оддели на „Алкалоид“. Децениските инвестиции во едукација на македонските лекари и фармацевти, програмите за практикантство, за парцијалнодуално образование и слични проекти се насочени кон подигање на квалитетот на образовниот процес, стимулирање на студентите кон повисоки достигнувања и градење идни квалитетни и конкурентни професионалци. Нашите операции се комплексни и засновани на научни методи, а за нив потребни се стручно профилирани кадри. Благодарение на високата селективност при регрутирањето и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес конкурентно и достоинствено се носиме на глобалниот фармацевтски пазар – изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид АД Скопје.

Почнувајќи од 1 ноември 2022 година, во согласност со одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, износот на стипендијата, наместо досегашните 6.500 денари, ќе изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеца и ќе се засметува линеарно на постоечките и новите стипендисти.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“, чиј основач е „Алкалоид АД Скопје, е формирана за целите на поддршка на проекти од сферата на фармацијата, медицината и науката, пред сѐ преку стипендирање млади, амбициозни кадри кои својата кариера им ја посветиле токму на овие дејности.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири одложено поради здравствената состојба на обвинетитот

Денешното рочиште за Мухамед Зеќири мораше беше одложено поради здравствената состојба на обвинетитот. Зеќири ги известил полицајците од станицата во Карпош кои дошле да...

Од полноќ поскапуваат бензинот и дизелот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар за литар, одлучи денеска...

Министерот за правда не знае дали со сигурност ќе биде заменет со кадар на Алијанса за Албанците

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на...
spot_img
spot_img
spot_img