1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Финскиот претседател му порача на рускиот лидер дека тој ја предизвикал ситуацијата на Балтикот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера на пресконференција заедно со британскиот премиер Борис Џонсон му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека тој ја предизвикал желбата на Финска да влезе во НАТО и дека треба „да се погледне во огледало“. Оваа изјава беше негов одоговр на прашањето дали влегувањето на неговата земја во НАТО ќе ја испровоцира Русија, јавува Би-Би-Си.

– Тие (Русите) се подготвени да ја нападнат својата соседна земја, па… мојот одговор би бил „ти го предизвика ова – погледни се во огледало – рече Ниинисто, објаснувајќи дека во Финска „не е првпат да се зборува за НАТО“.

Претседателот и премиерката на Финска утринава во заедничка изјава повикаа земјата да поднесе барање за членство во НАТО „без одложување“. Саули Ниинисто и Сана Марин рекоа дека очекуваат одлука во следните неколку дена, јавува Би-Би-Си.

Финска дели 1.300 километри граница со Русија. Досега земјата остана надвор од НАТО за да избегне пречки со својот источен сосед, но по избивањето на војната во Украина почна да размислува за полноправно членство.

Претходно беше најавено дека Финска нема да одржи референдум за НАТО, бидејќи доволен број од граѓаните ја поддржуваат оваа опција. Освен Финска и Шведска работи на забрзано аплицирање и влез во Алијансата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ЕУ е стратешки приоритет на Владата, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите. Вицепремиерката Славица Грковска во...

МВР – Извадок на дел од дневните настани 30.01.2023

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој...

Најмалку 28 загинаа, а 150 се повредени во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата се случи кога џамијата беше...
spot_img
spot_img
spot_img