25.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Финскиот парламент денеска гласа за барањето за влез во НАТО

НАЈЧИТАНО

Финскиот парламент денеска најверојатно ќе гласа за барањето за влез во НАТО, што ќе биде историска промена во финската одбранбена политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата одлучија Финска да испрати барање за пристапување во Северноатлантската алијанса, под услов законодавниот дом и парламентот да го прифатат.

Собраниската расправа се одржа во понеделник и траеше 14 часа. Зборуваа 212 пратеници и огромното мнозинство од нив гласаа позитивно.

Десет парламентарни работни тела, вклучително и комисии за надворешна политика и одбрана, веќе ја прифатија идејата.

Гласањето се очекува попладне и се очекува убедливо да се прифати барањето за влез во НАТО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО