15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Финска и Шведска најавуваат: Во среда аплицираме за членство во НАТО

НАЈЧИТАНО

Финска и Шведска ќе ја поднесат својата апликација за НАТО во среда, објави шведската премиерка Магдалена Андерсон на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во Стокхолм.

„Демократијата победи“, рече Ниинисто.

„Целата оваа пролет беше триумф за демократијата во Финска“, додаде тој, осврнувајќи се на огромната поддршка што апликацијата на Финска за НАТО ја доби денеска во парламентот и меѓу финскиот народ.

„Шведска исто така со нетрпение очекува да работи заедно со Турција во рамките на НАТО“, рече Андерсон, цитиран од Си-Ен-Ен.

Финскиот парламент во вторникот гласаше за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Истиот ден, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување кон воен сојуз. Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО