15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Финската премиерка Сана Марин докажува дека не користела дрога

НАЈЧИТАНО

Финската премиерка Сана Марин објави дека се тестирала за присуство на дрога во крвта по објавените видео снимки од забава на која била со пријатели и повтори дека никогаш не користела нелегални дроги.

– Во последните неколку дена имаше прилично тешки јавни обвинувања дека сум била на место каде што луѓето се дрогирале или дека јас сум се дрогирала. Ги сфаќам овие наводи многу сериозно и, иако верувам дека барањето за тест за дрога е неправедно, заради моја правна заштита и да ги разјаснам сите сомнежи, денеска направив тест, чии резултати ќе бидат достапни во рок од една недела – рече Марин на денешна прес-конференција.

Финската премиерка Марин истакна дека за време на забавата не била нарушена нејзината способноста за извршување на обврските и дека би ја напуштила забавата доколку морала да оди на работа. Марин додаде дека секој граѓанин може да суди за нејзините постапки на изборите. Лидерката на социјалдемократите изјави дека никогаш не се дрогирала и дека не видела некој да го прави тоа на забавата на која присуствувала.

Видеата на кои 36-годишната Марин се забавува со познати фински инфлуенсери и уметници почнаа да кружат на социјалните мрежи оваа недела, а набрзо беа преземени од неколку медиуми во Финска и во странство. На видеата се гледаат шест луѓе кои танцуваат пред камера, меѓу кои и премиерката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО