8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера

НАЈЧИТАНО

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.

Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а дуелот започнува во 21:30 часот.

– Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм последниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е остварување на сонот – изјави Федерер. 

Легендарниот швајцарски тенисер во кариерата освои 103 трофеи, од кои 20 грен-слем титули.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО