14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Фарса е реакцијата на Ковачевски

НАЈЧИТАНО

Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот „Ванчо Михајлов“, тој знаел дека Петков ќе дојде на отворање и дозволил негово регистрирање. Власта дозволила регистрација на клубот Ванчо Михајлов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и Османи знаеле и дозволиле Петков и целиот бугарски државен врв да дојде на отворање на клубот и не реагирале однапред, туку по 3 дена, откако јавноста го осуди чинот, кој е најголем вид на провокација глумат загриженост и осудуваат. Ако Ковачевски го мисли тоа што сега го кажува во однапред снимено видео, тој тоа требаше да го каже пред доаѓањето на Петков, но и да не дозволи отворање на клуб со такво име“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од редовите на опозициската партија му порачаа на премиерот Димитар Ковачевски, дека оставил целиот настан да помине со надеж дека јавноста ќе премолчи.

„Ковачевски наместо да се крие зад однапред снимени видеа да излезе пред јавноста и да каже дали и кога ќе побара гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја од меѓународната заедница, во очи на се поизразените тенденции на фашизам“, додаваат од ВМРТО-ДПМНЕ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО