16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

УЈП вели дека помогнала за да се открие измамата

НАЈЧИТАНО

Управата за јавни приходи најостро ги демантира обидите за, како што наведува, шпекулација од опозициската политичка партија и нејзиниот претседател дека УЈП има афера.

„Јавноста треба да е целосно информирана, граѓаните не треба да се доведуваат во заблуда. Во таа насока, посочуваме дека не станува збор за афера на УЈП, туку станува збор за утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кое УЈП го детектираше навремено уште во јули 2021 година.

Во интерес на предистражната постапка на Јавното обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се превземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса.

Управата за јавни приходи е институција со висок интегритет и во истата работат високо ефикасни професионалци кои навремено и ефективно ги извршуваат своите работни задачи. Меѓу другото, раната детекција на незаконската работа кај одредените даночни обврзници е резултат на посветената и професионалната работа на вработените во УЈП. Во таа насока би сакале да ја увериме јавноста дека јавниот и државниот интерес се императив на работењето на УЈП“, се наведува во демантот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за порталот МКД денеска  потврдил дека се води предистражна постапка за наводна измама со фиктивна наплата на ДДВ направена од фирми со помош на УЈП.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО