15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Учениците сѐ уште не ги добиле сведителствата за завршената учебна година, Државата купила околу 23 илјaди свидетелства повеќе?

НАЈЧИТАНО

Учениците сѐ уште не ги добиле сведителствата за завршената учебна година иако надлежното Биро за развој на образованието вети дека тие ќе бидат поделени неделава, објави Телма.

Нема ниту одговор од фирмата „Арбериа дизајн“, која доби втор тендер во висина од 8 милиони денари за да ги печати.

Ако се погледнат бројките во јавната набавка од први август годинава, Бирото за развој на образованието нарачало од фирмата „Арбериа дизајн“ 209.960 свидетелства за прво до 9-то одделение, иако според Државниот завод за статистика во минатата учебна година настава посетувале 186.649 основци. Бројката на средношклоците е надмината за околу 23.000, односно, толку свидетелства се непотребно нарачани.

Фирмата „Арбериа дизајн“, која доби втор тендер во висина од 8 милиони денари за да ги печати. Минатата година во јули „Арбериа дизајн“ прими 5, 2 милилиони денари, но на барање на Бирото за развој на образованието испорача свидетелства само за 9-то одделние, четврта година средно, и за оние кои матурирале во трета година.

Нејасно за јавноста е како оваа тетовска фирма победува на два тендери во низа, и тоа за иста бројка на свидетелства, но за различна цена на чинење. Лани во јули, „Арбериа дизајн“ според склучениот договор требало да ја испорача целата бројка на потребна педагошка документација, или над 300.000 печатени материјали, односно 6,50 денари за едно свидетелство. На први август оваа година со новиот тендер одново бирото склучува договор со победникот на тендерот за повисока сума од 8 милиони евра, и тоа пак за цела педагошка документација, по цена од 7,5 денари за свидетелство, објави Телма

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО