3.3 C
Ohrid
Saturday, February 4, 2023

Утре протестираат просветните работници, бараат нови мерки

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

По серијата инциденти и случаи на врсничко насилство и насилство врз вработени во училиштата во Србија, денеска просветните работници најавија прекин на наставата на 1 декември, а министерот за образование Бранко Ружиќ најави  нови мерки против насилството кои треба да бидат донесени до 20 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

– Работна група ќе ги собере сите релевантни актери: еминентни експерти во борбата против насилството, психолози и педагози со долгогодишно работно искуство во училишната и клиничката пракса, претставници на ресорното Министерство, образовни синдикати, здруженија на родители – изјави Ружиќ за „Политика” и додаде дека 20 декември е краен рок за да се утврдат недостатоците и да се предложат промени во досегашната пракса за системот да биде поефикасен.

Тој наведе дека „не е најважно да се занимаваме со казните и построгите санкции, туку со превенција на насилството” и додаде дека наставниците ја вршат најблагородната работа, затоа што животот го посветиле на образованието на децата и дека имаат емпатија, одговорност и ентузијазам.

– На 1 декември во училиштата нема да има настава, бидејќи тоа е форма на отпор кон сето она што се случува во Србија – целосна незаинтересираност за образованието. Ова е нашиот бунт и ова е нашиот отпор, на 1 декември нема настава – најави денеска претседателката на Унијата на синдикатот на просветните работници на Србија (УСПРС), Јасна Јанковиќ, на конференцијата „Стоп за насилството во училиштата” пред Владата во Белград.

Таа предупреди дека мора да се воведе нулта толеранција за насилство. „Инаку од образовните институции нема да остане камен на каменот, ќе почнат општи тепачки меѓу учениците, наставниците и родителите, и тука повеќе нема да има образование” – рече Јанковиќ.

Потпретседателот на УСПРС, Звонимир Јовиќ, истакна дека со штрајкот ќе бараат и да им се додели на просветните работници статус на службени лица.

– Тој статус носи поголема заштита на вработените во училиштата од напади, било на деца, било од родители и старатели – рече Јовиќ.

Само во текот на овој месец имаше информации за серија напади на ученици врз наставниците и врз соученици, како што беше малтретирањето на професорката во Техничкото училиште во Трстеник, нападот на врсниците над 13-годишниот Н.К. од Суботица кому му беше отстранета слезината, нападот врз ученик од седмо одделение од седумина постари ученици во Нови Сад, повеќе слични случаи во Врање и други.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“. – По втор пат за една година под...

Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиса Милано за „злоставување“

Пејачката Бритни Спирс (41) ја обвини актерката Алиса Милано (50) за „злоставување“ откако актерката објавила твит кој ја навредил. Ѕвездата на серијата „Charmed“ изразила загриженост...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...
spot_img
spot_img
spot_img