18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

УТРЕВЕЧЕР ЗАПОЧНУВА 34 “ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО“

НАЈЧИТАНО

Со поетски портрет на Лидија Димковска, утревечер во магичното Велестово, започнува 34 издание на реномираната поетска манифестација “Поетска ноќ во Велестово“. Уметничката вечер ќе биде збогатена со мал концерт на Горан Папаз и ликовната изложба – “Плачот на Адам“ од Никола Пијанманов.

На вториот ден од манифестацијата ќе биде одржана работилница за креативно пишување и иновативно интерпретирање поезија, наменета за учениците од охридската гимназија “Св.Климент Охридски“. На работилницата свои искуства ќе споделат поети од Турција, Албанија, Србија и Македонија –ова на денешната прес конференција го истакна Јулијана Величковска, програмски директор на манифестацијата.

Интернационалното поетско читање е во кафе барот “Шила“, каде ќе настапат и поети од Фарските острови и Словенија.

Манифестацијата завршува во недела со интернационално поетско читање и дебата за улогата на пејзжот во книжевноста, со цел да се подигне јавната свест за животната средина.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО