2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Уставниот суд го укина решението донесено од страна на градоначалникот на општина Дојран со кое се одобрува градење хотел на брегот на Дојранското Езеро во населбата Сретеново, Општина Дојран

НАЈЧИТАНО

Уставниот суд го укина решението донесено од страна на градоначалникот на општина Дојран со кое се одобрува градење хотел на брегот на Дојранското Езеро во населбата Сретеново, Општина Дојран. Со уставната одлука се укинува решението издадено на фирмата „Стан арт” дооел Куманово, кое се однесува на простор од 4.309 квадратни метри.

„При донесување на оваа одлука, Судот направи анализа на Законот за прогласување на Дојранското езеро за споменик на природата и во таа насока утврди пропуст во постапката за донесување на конкретната локална урбанистичко-планска документација. Уставниот суд констатира дека не е испочитувана обврската за обезбедување на согласност од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така оваа обврска е пропишана и во Законот за заштита на природата“ – информира Уставниот суд.

Судот утврди дека не била во целост почитувана постапката за донесување на решението и со тоа се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, односно владеењето на правото, уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО