2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Успешно раздвоени сијамски близнаци со споен мозок ВИДЕО

НАЈЧИТАНО

По 33-часовна операција успешно се разделени тригодини близнаци чии мозоци биле споени, јави агенцијата Анадолија.

Бернардо и Артур Лима биле подложени на неколку операции во Рио де Жанеиро, Бразил, предводени од британскиот педијатриски хирург Нур ул Овасе Џеелани од лондонската болница „Грејт Ормонд Стрит“, пренесува Би-Би-Си.

Како што објави лондонската добротворна организација „Gemini Untwined“, која собираше донации за да го спроведе овој потфат, ова беше една од најкомплексните и најуспешните операции извршени некогаш во историјата.

На тригодишните момчиња им биле извршени вкупно седум операции, а само последните две траеле вкупно 33 часа. Во целиот процес учествувале стотина здравствени работници.

Пред операцијата, хирурзите со месеци се обидувале со различни техники користејќи виртуелна реалност пред да ја започнат операцијата. Лекарите експериментирале со виртуелна реалност заснована на компјутерска томографија (КТ) и магнетна резонанца (МРИ) на близнаците.

Д-р Џелани, кој е еден од лекарите што ја водел операцијата, ја опишал како огромно достигнување и „производ на вселенската ера“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО