22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Усвоена е заедничка декларација за стратешкото партнерство меѓу Србија и Египет

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, усвоија заедничка декларација за воспоставување стратешко партнерство меѓу двете земји.

За време на посетата на египетскиот претседател на Србија, двете земји потпишаа 13 договори, меѓу кои и оној за укинување на визите за имателите на дипломатски, службен и социјален пасош.
Потпишани се договори за соработка во областа на високото образование, меморандум за разбирање меѓу двете влади во областа на земјоделството, како и програма за соработка во областа на културата и уметноста.

Потпишан е и Меморандум за разбирање меѓу Филмскиот центар на Србија и Египетскиот филмски центар.

Двете страни потпишаа и Меморандум за разбирање и соработка во областа на заштитата на животната средина.

Потпишан е и Меморандум за соработка помеѓу Радио телевизија на Србија и Националната управа за медиуми на Египет, потоа договор за соработка меѓу Музејот на африканската уметност и Националниот музеј на египетската цивилизација, договор за соработка меѓу Агенцијата за развој на Србија и Управата за слободни зони, како и Меморандум за разбирање помеѓу Институтот за стандардизација на Србија и египетската организација за стандардизација и квалитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО