21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом

НАЈЧИТАНО

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе бара конфискуваниот штаб на ВМРО ДПМНЕ да биде пренаменет во студентски дом, по објавувањето на денешната пресуда за „Талир 2“, со којашто седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови се конфискуваат, пишува Мета.

„На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа! Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација!“

„Оваа идеја одамна ја дискутиравме во нашите кругови и чекавме конечно да се донесе судската одлука. Ова е шанса ние да создадеме нешто, ќе бараме и поддршка за реуредување на просторот по наш вкус, по идеја на студентите“, пишуваат од УСС на УКИМ.

Пренаменување на Белата палата во студентски дом побара и Виктор Велевски, претседател на Државниот студентски дом – Скопје.

„Да инвестираа 63 милиони во сите ученички и студентски домови, сега ќе имавме модерни и европски капацитети за сместување и исхрана на авангардата на државата, ама како велат, пусто по мило им беше да си гледаат само за нив“, реагира Велевски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО