21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Украинците тврдат дека го одбиле последниот напад

НАЈЧИТАНО

Украина го одби рускиот напад на својот клучен источен град, Северодоњецк, се тврди во најновиот украински воено-оперативен извештај.

„Нашите војници успешно го запреа нападот на градот Северодоњецк, борбата е во тек. Обидот за заземање на блиските градови Тошкивка и Устинивка, исто така е неуспешен“, наведува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдај, руските сили бомбардираа украински позиции со интензивни артилериски, воздушни напади и постојани борби по улици.

Во клучниот град за што со денови се водат тешки борби, останаа меѓу 10.000 и 11.000 цивили, покажуваат извештаи.

– Воената состојба во Северодоњецк е постојано тешка. Нашите вооружени сили ги зацврстија своите позиции, држејќи ги границите во градот што ги зазедоа. Борбата не е завршена. Орките (руските сили) внесуваат сè повеќе и повеќе сили, многу артилерија и опрема се концентрирани овде со што го напаѓаат градот. Орките се обидуваат да напредуваат, ние ги запираме. Нашите вооружени сили даваат сè од себе  за да го одбранат градот – изјави за национална телевизија, шефот на градската воена управа на Северодоњецк, Олександр Штриук.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО