16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Украинците со дрон успеале да фрлат бомба и да ја опожарат

НАЈЧИТАНО

Со дрон беше нападната и опожарена една од најголемите руски рафинерии за нафта на пет километри од украинската граница, објавија руските власти. Според анонимен руски функциониер, се работело за два дрона, пренесе новинската агенција ТАСС. Пожарот избил утринава и бил изгаснат за час и половина.

 

– Едниот удри во единицата за размена на топлина по што настанал пожар. Вториот одлета – рекол изворот.

– Вработените забележаа украински дрон. Се урна во структурите на централата, по што дојде до експлозија и пожар – вели еден очевидец.

 

 

Рафинеријата Новошахтинск е една од најголемите во јужна Русија со капацитет до 7,5 милиони тони годишно. Нападот е дел од серијата напади на села и помали објекти на руска страна кои Украина ги започна кон крајот на март, кога Русите се повлекоа од Киев.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО