15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Украинците најавуваат офанзива на Крим, Русите ја нападнаа Одеса

НАЈЧИТАНО

Украинските власти тврдат дека се подготвуваат да ја нападнат руската Црноморска флота и да го вратат Крим, изјави Владимир Гаврилов, украинскиот заменик-министер за одбрана денеска од Лондон. Додека се чека на големата украинска офанзива со која би можел да биде вратен полуостровот, руските сили го бомбардираа пристаништниот град Одеса, пишува Мондо.

Ова не го спречи Гаврилов, кој во Британија е на посета да рече дека Украина гради сопствена противбродска ракетна способност и дека чека да добие оружје со долг дострел од други земји пред да го започне нападот.

– Добиваме противбродско оружје и порано или подоцна ќе ја нападнеме флотата – рече тој во интервју за британски весник.

Гаврилов, исто така, рече дека Киев разговара со западните земји за можноста да го искористи оружјето што било испорачано за да го нападне Крим. Според него, Киев треба добро да размисли дали планира да го окупира Крим преку дипломатски или воени средства.

– Русија мора да го напушти Крим ако сака да ѝ остане земја – додаде заменик министерот за одбрана на Украина.

Во средината на јули, портпаролот на главниот разузнавачки оддел на украинското Министерство за одбрана, Вадим Скибицки изјави дека Киев би можел да користи американски ракети за напад на Крим.

Претходно, САД испорачаа осум мобилни фрлачи на тркала HIMARS MLRS во Украина. Планирано е уште четири вакви инсталации да бидат префрлени во Киев.

Истовремено, Русите ја нападнаа Одеса, пристаништен град западно од Мариупол, а блиску до границата со Молдавија.

Руски крстосувачки ракети денеска ги погодија селата околу пристанишниот град, погодувајќи куќи, училиште и општински центар, додека во последните 24 часа најмалку двајца цивили загинаа, а 15 други се ранети во руските напади низ земјата, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Како што пренесе Бета, руските сили истрелале седум крстосувачки ракети „Калибр“ во регионот на Одеса. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите врз селото Биленка имале легитимна воена цел и оти „се уништени магацини за муниција за оружје испорачано од САД и европските земји“.

Претседателот на регионалната влада на Одеса, Сергеј Брачук, ги оспори тврдењата на Москва и објави дека шест лица се ранети.

– Овие напади врз мирни луѓе имаат една цел – да го заплашат населението и владата и да ги држат во постојана тензија, рече Брачук.

Во последниве недели, руската војска ги гаѓаше Одеса и делови од јужна Украина каде што нејзините војници претходно ги зазедоа градовите, велејќи дека Украина планира контранапади за да ги врати областите што се под контрола на Русија.

Во меѓувреме, украинските сили на терен во источна Украина се борат да ги задржат териториите под нивна контрола.

Портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили, Олександр Ступун, изјави дека сè уште постои „високо ниво на опасност од ракетни напади на територијата на Украина“.

Во источната украинска провинција Доњецк, каде е прекинато снабдувањето со гас и делумно вода и струја, едно лице загина, а две се ранети.

Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека „инфраструктурата на градовите методично се уништува со ракетни напади и оти најмногу страда цивилното население, кое не може да ги задоволи основните потреби“.

Тој рече дека биле извршени четири руски удари врз градот Краматорск и ги повика цивилите да се евакуираат.

Ракетните напади доаѓаат откако британската војска денеска соопшти дека верува оти Русија се соочува со „сè поакутни“ проблеми во одржувањето на силата на своите војници во нејзината тешка војна.

Британското Министерство за одбрана утринава оцени дека Русија „се бори да одржи ефективна офанзивна борбена моќ од почетокот на инвазијата и овој проблем најверојатно ќе стане поакутен“ додека Москва се обидува да го освои Донбас.

„Иако Русија сè уште може да оствари дополнителни територијални придобивки, нивното оперативно темпо и брзина на напредување најверојатно ќе бидат многу бавни без значителна оперативна пауза за реорганизација и ремонт“, се вели во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО