8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Украинците наредиле да го напуштат Мариупол до утре

НАЈЧИТАНО

Ова е шестиот ден од руската инвазија на Украина. Вчера на белоруската граница се одржа првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација, а договорено е тие да продолжат на границата меѓу Полска и Украина. Детали од преговорите не се познати. Додека траеја преговорите, имаше и руски напад на Харков во кој, како што рече градоначалникот на тој град, загинаа девет цивили, меѓу кои и три деца.

Отворени се два хуманитарни коридори за жителите на Мариупол, кои можат да го напуштат градот до 2 март, изјави за Интерфакс Едуард Басурин, портпарол на Народна Република Доњецк (ДПР).

На граѓаните на Киев им беше понудена ист тип на евакуација. Руската војска во понеделникот објави дека цивилите можат „слободно“ да го напуштат Киев, обвинувајќи ги украинските власти дека ги користат како „човечки штит“.

„Сите цивили можат слободно да го напуштат градот на автопатот Киев-Василков, југозападно од главниот град“, изјави на телевизија портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Коначенков.

Тој ги обвини властите во Киев дека ги убедуваат цивилите да останат, за да послужат како „жив штит“ во судирот со руската армија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО