22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Украинските пристаништа ги напуштија уште три брода со 58.000 тони пченка

НАЈЧИТАНО

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска тргнале три брода со вкупно 58.000 тони пченка.

Првиот брод „Навист“ под знаме на Панама, исплови од пристаништето Одеса за Ирска со 33.000 тони жито, се вели во соопштението на министерството. Бродот ќе биде подложен на инспекција во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул пред да продолжи до својата крајна дестинација.

Вториот брод „Ројен“ под знаме на Малта го напушти пристаништето во Черноморск со 13.000 тони жито, а неговата крајна дестинација е Велика Британија, соопшти Министерството, додавајќи дека го надгледува и Заедничкиот координативен центар.

Третиот брод „Поларнет“, брод под знаме на Турција, кој чекаше во пристаништето во Черноморск, вплови во пристаништето Караса во северозападниот дел на Туск. Бродот, кој превезува 12.000 тони жито, ќе биде прегледан од заедничка екипа во Истанбул.

Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во турската метропола го продолжи патувањето од Истанбул до Либан. Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.

Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море. Согласно договорот формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите од пристаништата, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

Турција се координираше со Москва и Киев за отворање на коридор од украинскиот пристанишен град Одеса за обновување на глобалните испораки на жито, кои беа запрени од руско-украинската војна од 24 февруари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО