5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Украинскиот суд нареди апсење на поранешниот претседател Јанукович

НАЈЧИТАНО

Украинскиот суд донесе одлука и нареди апсење во отсуство на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, обвинувајќи го за предавство.Јанукович беше претседател на Украина од февруари 2010 до февруари 2014 година, по што побегна во Русија, со која тесно соработуваше и во време кога беше прв човек на Украина.

Претходно Јанукович беше осуден на 13 години затвор за предавство, а сето тоа за блиска соработка со рускиот претседател Владимир Путин, кој побара од руската армија и полиција да воспостават ред во Украина.

Овој пат тој е обвинет за предавство поради договорот што го потпиша во 2010 година, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз Крим. Договорот е познат како Харков пакт, кој и овозможи на Русија да ја задржи својата Црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол. Токму Црноморската флота изврши дел од руската инвазија на Украина од крајот на февруари до денес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО