-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Украинската војска ја стабилизира безбедноста на градот

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Украинската армија денеска спроведе „мерки за стабилизација” во близина на градот Херсон на југот на земјата, откако руската армија се повлече по осуммесечна окупација.

Жителите на Херсон, единствениот регионален главен град заробен од руската армија за време на инвазијата, синоќа ја прославија веста на Кремљ дека неговите војници се повлекле на другата страна на реката Днепар.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека Русите ги зајакнале борбените линии на источниот брег на реката по напуштањето на главниот град.

Околу 70 отсто од регионот Херсон останува под руска контрола. Украинската разузнавачка агенција вчера објави дека мисли дека некои руски војници во цивилна облека останале во градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека непријателот иако  уште е присутен во градот, жителите на Херсон веќе ги отстрануваат руските симболи и сите траги од окупацијата од улиците и зградите.

Најавата на Москва дека руските сили планираат да се повлечат преку реката Днепар, која ги дели Херсонската област и Украина, уследи по засилената украинска контраофанзива на југот на земјата.

Украинската полиција и јавниот сервис се вратија во неодамна ослободениот град Херсон.
Началникот на националната полиција на Украина, Ихор Клименко, денеска напиша дека околу 200 полицајци се на терен во градот, поставувајќи контролни пунктови и документирајќи докази за можни воени злосторства.
-Се работи и на деминирање на површината, а еден деминер е повреден додека работел во управната зграда – напиша Клименко.

Украинската служба за следење на комуникациите соопшти дека во градот повторно емитуваат украинскиот јавен сервис и радио.

Советникот на градоначалникот на Херсон, Роман Холовња, изјави дека хуманитарната помош почнала да пристигнува од соседната област Николаев.

Тој ја нарече ситуацијата во градот „хуманитарна катастрофа”. Како што изјави, луѓето кои останале во градот немаат вода, лекови и храна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img