17.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Украина ја доби битката за Харков, интензивни борби во Донбас

НАЈЧИТАНО

Украина ја доби битката за Харков, интензивни борби во Донбас
Американскиот институт за проучување на војната претходно соопшти дека Украина најверојатно ја добила битката за Харков и дека има докази дека Русите се повлекуваат од офанзивата на тој град.

Во нивните последни проценки за конфликтот, аналитичарите на Институтот за војна велат дека Русија е спречена во нејзината намера да го опколи вториот по големина град во Украина и засега се откажала од таа намера.

Харков, кој се наоѓа на североистокот на земјата, некогаш бил наречен град на тврдините, а за време на оваа војна го оправдувал своето име, пишува Би-Би-Си.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, заземањето на градот е една од главните цели на руските сили.

Американскиот институт наведува дека украинските сили ги турнале Русите до границата, но дека засега не може да се зборува за целосно повлекување на Русите, како она што се случи во предградијата на Киев кога тие целосно ја напуштија областа.

Интензивни борби во Донбас
Интензивни борби се водат во регионот на Донбас, во источна Украина, објави на Фејсбук украинскиот гувернер на областа Луганск, Серхи Гајдаи. Тој додаде дека има бројни загуби во опрема и работна сила на руска страна.

„Тоа е ужас, но тие сè уште се обидуваат да ги постигнат своите цели. „Од прислушуваните (телефонски повици) дознавме дека целиот баталјон одбил да нападне бидејќи видел што се случува“, додаде Гајдај.

Украински официјален претставник изјави дека 50 куќи биле уништени во најновото руско бомбардирање на регионот Луганск. Уништените куќи се наоѓаат околу Попасна и Лисичанска, изјави шефот на воената управа во Луганск.

„Не им требаат луѓе и нивните куќи, туку само територија што се претвора во пустина“, додаде службеникот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО