25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Украина: Русија наеднаш го зголеми притисокот во гасоводот, можно е пукање на цевката

НАЈЧИТАНО

Рускиот гасен гигант Газпром ненадејно го зголеми притисокот во гасоводот што испорачува руски гас во Европа без претходна најава, соопшти во вторникот украинскиот државен оператор на гасоводи.

Ваквите скокови на притисокот може да доведат до вонредни ситуации, вклучително и пукнатини на гасоводот, а од операторите на нафтоводот се бара однапред да се известат меѓусебно, соопшти украинската компанија.

Гаспром не беше достапен за коментар.

Русија продолжи да испорачува гас преку Украина иако двете земји се во војна. Во понеделникот Газпром објави дека снабдувањето со гас за Европа преку Украина изнесувало 41,7 милиони кубни метри тој ден, во споредба со 41,2 милиони кубни метри претходниот ден.

Во исто време, Гаспром во понеделникот објави дека ја затвора втората гасна турбина на Северен тек 1, гасовод до Германија кој веќе се користи со само 40 отсто капацитет, и затоа протокот на гас ќе се намали на половина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО