5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Украина им ги врати македонските камиони на сопствениците

НАЈЧИТАНО

Вратени им се камионите и превезуваната стока на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти МНР.
„По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти. Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании“, се вели во соопштението од МНР.

Каминоите беа запленети пред повеќе од две недели. Украинските власти им дозволија на возачите да ги напуштат камионите, но јаболката кои требало да се превезат до Русија и возилата беа запленети.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО